social image

Нискоградба

Изработени проекти

Нов урбан лик на Штип

Штип се менува инфраструктурно, сообраќајно и визуелно со нов урбан изглед. Поставен е вториот асфалтен слој на новото сообраќајно решение кај Пoрта Пролет.

Уредување на населбата 8ми Ноември

Коле Транс вклучен во уредување на населбата 8ми Ноември. Создадовме нови 50 паркинг позиции, за задоволување на потребите на жителите на ул. Енгелсова и комплетно беше уреден тротоарот на бул. ЈНА.

Aсфалтирање на булевар „Партизанска“

Завршено е асфалтирањето на булеварот „Партизанска“, поставена е електриката и сообраќајната сигнализација.

Пат до манастирот „Св. Архангел Михаил“

Aсфалтирањето на локалниот пат кој води до манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Аџиско маало, село Саса, во должина од 1.630 метри. Со реализацијата на овој проект обезбедивме квалитетна и безбедна патна врска за жителите од овој дел на селото, како и за верниците.

Нов асфалт на патот Почивало – Кошево

Завршено е асфалтирањето на патниот правец Почивало - Кошево! Овој проект претставува важен чекор во подобрувањето на патна инфраструктура и создавање подобри услови за жителите на руралните средини.

Улица „Широк дол“ во населбата "Автокоманда"

Целосно реконструирана улицата „Широк дол“ во населбата "Автокоманда". Со поставување на вториот асфалтен слој, завршена е реконструкцијата на улицата „Широк дол“. Претходно комплетно беа заменети подземните инсталации (водовод и канализација), уредени тротоарските површини и пристапните патишта околу влезовите на станбените единици.

Aсфалтирање паркинг површина на Бело Брдо

Aсфалтирање на платото и паркинг површина пред фудбалскиот терен на Бело Брдо.

Aсфалтирање на улицата „Велјко Влаховиќ“

Заврши и асфалтирањето на кракот од улицата „Велјко Влаховиќ“, поврзувајќи ја населба Пребег со новата обиколница. Асфалтирани се и краците што ги поврзат населба Железничка и Мерите со обиколницата, а наскоро следува изградба на нов мост на река ,,Брегалница“ и нов кружен тек кај црквата „Јован Крстител“, со што дополнително ќе се подобри сообраќајната безбедност.


Референтна листа со проекти

icon ПРОЕКТИ 2020 ГОДИНА
icon ПРОЕКТИ 2021 ГОДИНА
icon ПРОЕКТИ 2022 ГОДИНА
icon ПРОЕКТИ 2023 ГОДИНА
icon ПРОЕКТИ 2024 ГОДИНА
icon ПРОЕКТИ 2025 ГОДИНА